🇲🇰 Македонски 🇬🇧 English 🇷🇸 Srpski 🇭🇷 Hrvatski 🇸🇮 Slovenščina 🇦🇱 Shqip
АНАСОН

Анасон

Органски чај подготвен од внимателно одбрани и природно сушени плодови од анасон. Се одликува со пријатна природна арома и претставува традиционален избор за подготовка на топол билен напиток.
Пакување
50 g
Потекло
Ресен, Преспа
180 ден.

Цената за испорака може да варира во зависност од тежината, големината и адресата за испорака.

Употреба и информации

Анасонот традиционално се употребува за поддршка на варењето, особено при надуеност и гасови, како и во билни препарати поврзани со кашлица и искашлување.

Начин на употреба

Прелијте 1 лажичка семе од анасон (околу 2 г) со 200 мл врела вода. Покријте и оставете да отстои 30 минути, па процедете. Препорачаната дневна количина е до 5 чаши.

Начин на чување

Да се чува на ладно, суво и темно место.

Предупредувања

Да се употребува според препорачаната дневна количина наведена на декларацијата. Бремените жени, доилките и лицата што користат терапија треба да се консултираат со лекар или фармацевт пред употреба. Да се чува надвор од дофат на деца.

Рок на употреба

Рокот на употреба е означен на оригиналната амбалажа на производот. Не употребувајте го производот по истекот на наведениот рок.
Информациите за производот се од информативен карактер и не претставуваат медицински совет.