🇲🇰 Македонски 🇬🇧 English 🇷🇸 Srpski 🇭🇷 Hrvatski 🇸🇮 Slovenščina 🇦🇱 Shqip
ГЛУВАРЧЕ

Глуварче

Органски чај од внимателно одбран и природно сушен корен од глуварче, со горчлив вкус.
Пакување
50 g
Потекло
Ресен, Преспа
180 ден.

Цената за испорака може да варира во зависност од тежината, големината и адресата за испорака.

Употреба и информации

Глуварчето помага во варењето и нормалната работа на црниот дроб и жолчката. Придонесува и за исфрлање на течностите од организмот.

Начин на употреба

Прелијте 1 супена лажица од содржината на кесичката со 1 литар врела вода. Варете уште 10 минути во покриен сад, па оставете да отстои 40 минути. Процедете и пијте по 250 мл, 3–4 пати во текот на денот. По желба, додајте мед и лимон.

Начин на чување

Да се чува на ладно, суво и темно место.

Предупредувања

Да се употребува според препорачаната дневна количина наведена на декларацијата. Бремените жени, доилките и лицата што користат терапија треба да се консултираат со лекар или фармацевт пред употреба. Да се чува надвор од дофат на деца.

Рок на употреба

Рокот на употреба е означен на оригиналната амбалажа на производот. Не употребувајте го производот по истекот на наведениот рок.
Информациите за производот се од информативен карактер и не претставуваат медицински совет.