🇲🇰 Македонски 🇬🇧 English 🇷🇸 Srpski 🇭🇷 Hrvatski 🇸🇮 Slovenščina 🇦🇱 Shqip
Еликсир од Диви Јаболка

Еликсир од Диви Јаболка

Ферментиран екстракт од диви јаболка, добиен со природен процес на ферментација, без додадени шеќери, конзерванси, ароми и вештачки адитиви.
Пакување
500 ml
Потекло
Ресен, Преспа
340 ден.

Цената за испорака може да варира во зависност од тежината, големината и адресата за испорака.

Употреба и информации

Се користи за подобро варење и како дел од секојдневната исхрана. Погоден е пред или со оброк, особено при чувство на тежина и побавно варење.

Постапка

Добиено по пат на природна екстракција и ферментација од диви јаболка без никакви додатоци, 100% природно.

Начин на употреба

За деца од 2 до 13 години: по 1 кафена лажичка, 2–3 пати дневно, растворена во 70–100 мл вода со малку мед. За возрасни: по 1 супена лажица, 3–5 пати дневно, растворена во 100 мл вода, по желба со малку мед. Се зема пред јадење, на празен стомак. За да се постигне ефект, се зема најмалку 14 дена без прекин. Може да се користи секојдневно во подолг период, со месеци или години.

Начин на чување

Да се чува на ладно, суво и темно место (до 25°C), вон дофат на деца.

Предупредувања

Да се употребува според препорачаната дневна количина наведена на декларацијата. Бремените жени, доилките и лицата што користат терапија треба да се консултираат со лекар или фармацевт пред употреба. Да се чува надвор од дофат на деца.

Рок на употреба

Рокот на употреба е означен на оригиналната амбалажа на производот. Не употребувајте го производот по истекот на наведениот рок.
Информациите за производот се од информативен карактер и не претставуваат медицински совет.